Мерките против ширењето на западнонилската треска продолжуваат со вонредно прскање против комарци, покрај редовните прскања, а жителите на подрачјата каде што е прогласена епидемија ќе добиваат и СМС пораки со препораки за заштита. Министерот за здравство Сако Клековски најави и контрола на живината во загрозените подрачја, но апелираше и до граѓаните да придонесат во спречувањето на ширењето на болеста преку намалување на водните површини, особено базените за рекреација, кои се утврдило дека ги има во голем број токму во најзагрозените подрачја.
„Е сега тука доаѓаат предизвиците. Веќе во Скопје од Google Map е воочено дека има многу водени површини во засегнатите места, кои се користат за рекреативни цели. Тука ќе треба и зголемена дисциплина од сите нас. Знаеме сите, намалување колку е можно на водените површини. Јас знам дека е тешко во услови на високи температури да очекуваме луѓето да ги празнат базените меѓутоа мора да кажам дека мора да апелираме на максимална претпазливост. Апелот за максимална претпазливост е дека спрема епидемиолошките очекувања август и септември се месеци на врв на вакви епидемии, зборувам историски“, рече министерот Клековси.
Насоките ќе им бидат дадени на сите засегнати општини.
Епидемијата на западнонилска треска во Скопје беше официјално прогласена на 12 август во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, посебно во населените места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.
Во овие подрчја министееот Клковски вели дека се договориле да де направена и контрола на живината.
„ Се согласивме на вонредна контрола на живина во загрозените подрачја. Посебен таргет е слободна живина во близина на канали за наводнување. Во последнато поголемо сучување на западнонилска треска во 2019 година, од девет контролирани кокошки е најдена една заразена кокошка во едно од подрачјата кое сега повторно е од загрозените подрачја. Така да, тоа е една од мерките што ќе се прави. Засилена е ентомолошката контрола или контролата на присутност на комарци и тоа ќе биде земено во предвид во однос на прскањето“, рече министерот Клековски.
Тој апелира граѓаните да пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство доколку забележат мртви диви птици, посебно гаврани оти тие се препознаени како резервоари за болеста.
Во земјава досега се регистрирани 35 случаи на заразени од вирусот, имаше три смртни случаи, а 16 лица во моментов се на болничко лекување од кои шестмина се во критична состојба
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата