„Со месеци СДС и нејзиниот формален претседател Филипче, преку соопштенија и прес-конференции велат дека граѓаните не веруваат во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека рејтингот им пораснал, дека се спремни за избори, но кога ќе се споменат предвремени избори, одма молк“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.
„СДС и Филипче знаат дека на следните избори кога и да бидат, ќе доживеат дебакл и ќе бидат доведени под 100 илјади гласови.
ВМРО-ДПМНЕ има јасен став. Нашата цел се редовни избори во 2028 година, но доколку опозицијата побара, нема да се колебаме, ќе распишеме предвремени избори веднаш и ќе ги победиме како никогаш порано“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата