Водата во гостивар се уште не е безбедна за пиење, а надлежните не даваат конкретен рок кога состојбата ќе биде нормализирана. Минситерот за здравство Сашо Клековски денеска во Штип изјави дека не сака да дава ветувања за дадтум на браќање на водата за пиење.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно од Делчево откри зошто водата во Гостивар не е се уште за пиење, туку може само да се користи за техничка употреба - имало резидуелна бактерија во инсталациите.
„Сакаме да бидеме максимално сигурни , значи се следат пробите, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби, кога повеќе од нив ќе бидат соодветни, ќе може да се користи водоводот. Треба на три кориснички места да бидат соодветни тестовите. Може да има еден несоодветен тест и повторно ќе бидат потребни три нови дена, и затоа е неблагодарно да шпекулирам со денови“, рече Клековски.
По извршеното хиперхлорирање е утврдено дека фекалните бактерии се целосно отстранети од мрежата, но поради долгото некористење и силното прочистување на инсталациите, како што претходно рече Мицкоски,сега во цевките се појавила нова резидуална бактерија,
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата