Градот Скопје денеска ќе изврши теренска дезинсекција против ларви од комарци на неколку водни површини на територијата на главниот град.
Како што информираат од Градот Скопје, дезинсекцијата е дел од редовните мерки за контрола и намалување на популацијата на комарци.
Доколку временските услови не дозволуваат спроведување на прскањето, активностите ќе се реализираат во првиот нареден ден со соодветни временски услови.
Од Градот Скопје упатуваат апел до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата