logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ удри по Филипче и Абази: „МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ПОСТАВУВАЛЕ И ПОКРАЈ СИТЕ ПРЕЧКИ И НЕИСПОЛНЕТИ УСЛОВИ“

Vecer | 25.08.2026

ВМРО-ДПМНЕ удри по Филипче и Абази: „МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ПОСТАВУВАЛЕ И ПОКРАЈ СИТЕ ПРЕЧКИ И НЕИСПОЛНЕТИ УСЛОВИ“

Модуларните болници повторно се најдоа во фокусот на политичките обвинувања, откако ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за време на ковид-кризата биле поставувани и покрај институционалните предупредувања. Од партијата велат дека во дел од случаите не биле исполнети ниту сите законски и тех

Од партијата особено го посочуваат случајот со модуларната болница во Тетово, каде што во пожарот во 2021 година загинаа 14 лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, тогашниот економски директор на тетовската болница, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и стави во употреба модуларната болница. Тој подоцна беше осуден на една и пол година затвор.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Катастарот одбивал да ги запише модуларните болници бидејќи биле набавени како стоки, а немало извештај од надзор согласно член 74 од Законот за градење.

Партијата тврди и дека Светска банка барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници, како и извод од Катастарот како доказ дека проектот е одржлив. Според нив, таквите одобренија не можеле да бидат издадени ниту од општините, ниту од Министерството за транспорт и врски, бидејќи не била спроведена потребната процедура согласно Законот за градење.

„Сите институционални и стручни предупредувања биле тука. Сите се противеле, но Филипче сепак одлучил модуларните болници да бидат поставени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека за случајот бил оформен предмет кој со години стоел во фиока, а кога дошло време за утврдување одговорност, постапката завршила без кривична одговорност за Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението го обвинува и обвинителот Ислам Абази, тврдејќи дека случајот претставува пример за, како што велат, „инсталациите на СДС и ДУИ во судството и обвинителството“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk