Обвинувањата за одговорноста за кавалитетот на водата ја отворија политичката дебата. ВМРО - ДПМНЕ преку соопштение го повика литерот на СДСМ, Венко Филипче, да објасни зошто, според партијата, е реагирал на проблемите со водата за пиење во Гостивар додека ја извршувал функцијата министер за здравство. Од владејачката партија тврдат дека постојат официјални документи од тој период во кои, како што наведуваат , биле еввидентирани сериозни отстапувања во квалитетот на водата за пиење.
Во соопштението се посочуваат повеќе микробиолошки анализи од 2020, 2021, 2022 и 2023 година, во кои, според ВМРО-ДПМНЕ, било констатирано присуство на колиформни бактерии, зголемен број аеробни мезофилни бактерии и други отстапувања поради кои водата не ги исполнувала законските стандарди за безбедност.
Од партијата оценуваат дека тогашната власт предводена од СДСМ не презела соодветни мерки, а ја обвинуваат и актуелната опозиција дека случајот го користи за политички поени. Воедно, тие забележуваат дека СДСМ не бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани.
ВМРО-ДПМНЕ наведува дека во моментов се спроведува официјална истрага за утврдување на сите околности поврзани со случајот, дека дел од осомничените веќе се лишени од слобода и дека надлежните институции продолжуваат со прибирање на доказите, по што јавноста ќе биде навремено информирана за резултатите од постапката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата