(ВИДЕО) ОГНЕНА СТИХИЈА ГО ГОЛТА ДЕЛЧЕВСКИ ГОЛАК: Стотици луѓе се борат со пожарот

Vecer | 23.08.2026

(ВИДЕО) ОГНЕНА СТИХИЈА ГО ГОЛТА ДЕЛЧЕВСКИ ГОЛАК: Стотици луѓе се борат со пожарот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Голем пожар беснее на Делчевски Голак, каде што стотици луѓе од копно и од воздух се борат со огнената стихија.

На социјалните мрежи се споделени снимки од пожарот, а според првичните неофицијални информации што ги објави Кире Михаилов, огнот наводно започнал во двор во селото Бигла, Делчевско.

„Страшно е, навистина. Стотици луѓе од копно и од воздух се борат со ова чудовиште“, напиша Михаилов, изразувајќи надеж дека пожарот ќе биде ставен под контрола.

https://www.facebook.com/20531316728/posts/10154009990506729/

Засега нема дополнителни официјални информации за причините за избувнувањето и размерите на пожарот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk