Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДС дека избегнува да ја признае политичката одговорност за состојбите во Гостивар, посочувајќи дека партијата заедно со Лимани ја дели локалната власт.
„Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт. Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем“, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата