Новата автопатска делница го заокружува големиот инфраструктурен проект

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: БЕЗ КИЧЕВО – БУКОЈЧАНИ НИШТО НЕМАШЕ ДА ИМА СМИСЛА – Македонија станува европска раскрсница

Vecer | 12.10.2026

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: БЕЗ КИЧЕВО – БУКОЈЧАНИ НИШТО НЕМАШЕ ДА ИМА СМИСЛА – Македонија станува европска раскрсница
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

„Без оваа делница, сè останато што го правиме немаше да има смисла“, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешниот почеток на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани. Тој нагласи дека со реализацијата на овој проект се заокружува концептот за целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид, но и се остварува стратешката определба на Владата Македонија да стане значајна европска транспортна, железничка и енергетска раскрсница.

Мицкоски истакна дека изградбата на оваа делница претставува сериозен инженерски предизвик, но и клучен дел од инфраструктурната стратегија на државата.

„Сè беше кажано, јас нема да се повторувам колку има надвозници, натпатници, тунели и слично, бидејќи претставува навистина предизвик од инженерски аспект. Сега зборувам како инженер, не зборувам како претседател на Владата. Но, она што за мене е значајно е дека без оваа секција сè останато што го правиме немаше смисла“, истакна премиерот.

Тој посочи дека со почетокот на изградбата на делницата Кичево – Букојчани, целосниот проект за автопатско поврзување на Охрид со главниот град добива вистинска целина.

Според Мицкоски, овој проект е дел од пошироката визија на Владата, поставена уште во 2024 година, Македонија да се развива како регионална раскрсница заснована на четири инфраструктурни столба.

„Денеска зборуваме за четири столба, а тоа е да бидеме раскрсница на два паневропски коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10, во смисла на патната инфраструктура, железничката инфраструктура, енергетската и гасната“, нагласи Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека ваквите инфраструктурни инвестиции ќе го зајакнат геостратешкото значење на Македонија и ќе создадат нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и развој на современи индустрии.

Со реализацијата на инфраструктурните проекти, според Мицкоски, државата добива поголема додадена вредност и нови перспективи за граѓаните и стопанството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk