ЈА ПРИНУДУВАЛ НА ПОЛОВИ ДЕЈСТВИЈА, ЈА ТЕПАЛ И МАЛТРЕТИРАЛ - Жена од БиХ доживеала хорор од маж од Македонија

Vecer | 12.11.2026

ЈА ПРИНУДУВАЛ НА ПОЛОВИ ДЕЈСТВИЈА, ЈА ТЕПАЛ И МАЛТРЕТИРАЛ - Жена од БиХ доживеала хорор од маж од Македонија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена од Босна и Херцеговина, со живеалиште во кратовско село, пријавила дека била малтретирана од нејзиниот партнер И.Д.(46) од селото.

Веднаш е постапено по пријавата и со неа и нејзиниот партнер бил извршен службен разговор, при што изјавила дека го слушнала И.Д. дека  разговара со други жени и му побарала пари да си оди, но тој не ѝ дал и затоа пријавила.

Тој бил предупреден, а таа била спроведена во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

На 10.11.2026 во ОВР Кратово, од Националната мрежа против семејно насилство било пријавено дека, додека живееле во вонбрачна заедница, И.Д. ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал, а по извршени лекарски прегледи било утврдено дека е бремена и дека има хематоми на некои делови од телото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk