Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ ја истакна стратешката географска положба на Македонија како клучна можност за економски развој, посочувајќи дека преку енергетското поврзување и инфраструктурните инвестиции земјата може да стане важен регионален центар.
„Македонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10. Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за економски развој на државата“, вели Ангелинка Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата