logo
logo
logo

ВАГИ, ДРОБИЛКА И ПИШТОЛ: Полицијата упадна во дом во Штип и пронајде марихуана

Vecer | 09.09.2026

ВАГИ, ДРОБИЛКА И ПИШТОЛ: Полицијата упадна во дом во Штип и пронајде марихуана

Полицијата во Штип приведе 37-годишен маж откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана, опрема за нејзино мерење и обработка, како и пневматски пиштол.

Од СВР Штип информираат дека на 8 септември, околу 10 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Б,К. (37) од Штип.

Претресот во неговиот дом бил извршен врз основа на судска наредба. При акцијата биле пронајдени и одземени поголема ќеса со марихуана, две дигитални ваги, дробилка и семки од растението канабис.

Полицајците, исто така, одзеле пневматски пиштол, мобилен телефон и парични средства.

За случајот бил известен јавен обвинител, а од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk