logo
logo
logo

УЧИЛИШНАТА КОШНИЧКА СТИГНУВА ПРЕД ВЛАДА: Мицкоски најави одлука во вторник

Vecer | 21.08.2026

УЧИЛИШНАТА КОШНИЧКА СТИГНУВА ПРЕД ВЛАДА: Мицкоски најави одлука во вторник

На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе се формира овогодинешната училишна кошничка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

-На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците. Така што во вторник имаме редовна владина седница и тоа ќе се донесе како одлука, рече Мицкоски при посетата на Прилеп.

Мерката исто како и минатата година, ќе ги опфати основните училишни материјали што најчесто се купуваат пред почетокот на учебната година, меѓу кои ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, блокови, како и материјали за ликовно и техничко образование.

Со владината мерка се очекува да се намали финансискиот товар за семејствата во периодот пред почетокот на учебната година, кога трошоците за опремување на учениците традиционално се зголемуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk