logo
logo
logo

ТЕПАЧКА ЗА ЉУБОВ, СЕСТРИНСКА КАРАНИЦА И СЕМЕЈНА ДРАМА: Полицијата со „шарен“ билтен

Vecer | 24.08.2026

ТЕПАЧКА ЗА ЉУБОВ, СЕСТРИНСКА КАРАНИЦА И СЕМЕЈНА ДРАМА: Полицијата со „шарен“ билтен

Три случаи на насилство се евидентирани во последните денови во Скопско, при што во два случаи жртви биле жени кои пријавиле физички напади. Во третиот случај, жена пријавила дека подолг период била физички и психички малтретирана од сопругот, кој, според пријавата, упатувал закани и кон нивните малолетни деца.

Во Полициското одделение Петровец, во неделата 40 минути по полноќ, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека два дена претходно, на 21 август околу 14:30 часот, била физички нападната од друга жена.

Според пријавата, нападот се случил во домот на нејзиниот партнер во скопско, а за нападот ја посочила Н.К., исто така од Скопје.

Истиот ден, во попладневните часови, 53-годишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од својата сестра во семејниот дом.

Од СВР Скопје информираат дека случајот бил пријавен на 23 август во 15:30 часот. Жената навела дека нападот се случил еден ден претходно, околу 18 часот, по претходна расправија со сестра ѝ.

Во трет случај, 35-годишна жена од скопско пријавила семејно насилство од страна на својот сопруг. Таа во полиција го пријавила случајот на 23 август во 16:30 часот.

Според нејзиното сведоштво, таа подолг период била физички и психички малтретирана од 34-годишниот сопруг. Жената навела дека на 13 август, во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, тој агресивно се однесувал и упатувал закани кон неа и нивните малолетни деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk