logo
logo
logo

Таравари: Јавна тајна е дека им се нудат пари на пратеници, наша пратеничка има одбиено сума од власта како поткуп

Vecer | 30.11.2021

Таравари: Јавна тајна е дека им се нудат пари на пратеници, наша пратеничка има одбиено сума од власта како поткуп

Градоначалникот на општина Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вечерва во Тема на денот во Сител телевизија, истакна дека јавна тајна е дека премиерот Зоран Заев им нуди пари на пратениците.

-Нашата пратеничка група е компактна, а знаеме дека господинот Заев со пари им се приближува на повеќе пратеници и ова е јавна тајна и тоа сите го знаат, им предлага да им даде одредена сума на пари, за да преминат, но нашите пратеници се одлучни и знаат дека нашата цел е подобро утре за сите, а не да се биде дел од криминалци и корумпирана влада, вели Таравари.

Тој открива и дека на пратеничка од нивната пратеничка група директно тој и негови другари и други луѓе и нуделе пари, но таа директно го одбила, а јавна тајна е дека власта се шета со куфер со пари за поткуп на пратеници.

-Во ваква држава каде се обезбедува потписи од 61 пратеник за три часа, и во меѓувреме се гласа доверба на влада каде недостасува еден пратеник, а цела држава и неговото семејство се загрижени за него, а спокојни се премиерот, министерот за внатрешни работи и ДУИ, спокојни како ништо да не било, како да е нормално еден пратеник еден ден да исчезне и никој да не знае каде е, во ненормална држава вакви работи се стандардни, вели Таравари.

Таравари критикуваше дека граѓаните и јавноста во оваа држава се уште не знаат каде се однесоа милион и пол евра од Боки13, никој не дозна, во Мавровка се градеше објект без дозвола не се знаеше кој е сопственикот, па два месеци не се знаеше кој треба да го руши овој објект, на крај господинот Ахмети отиде и испи кафе таму, вели Таравари и појасни дека во оваа држава никој не им верува на институциите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk