Старт за исплатата на К-15: Кој има право и колку ќе добие?

Vecer | 01.07.2026

Старт за исплатата на К-15: Кој има право и колку ќе добие?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Компаниите во приватниот сектор од денеска веќе можат да го исплаќаат  регресот за годишен одмор (К-15). законски обврската за исплата на регресот трае до 31 декември во годината.

Во земјава пресметката на К-15 не е фиксна сума, туку се менува во зависност од тоа кога работодавачот ќе донесе одлука за исплата. Основицата секогаш е: просечната месечна нето-плата по работник во РСМ исплатена во последните три месеци пред денот на исплатата. Законот пропишува дека регресот може да изнесува најмалку 40%, а најмногу 100% од просечната исплатена нето-плата во земјата, но има и исклучоци.

Според тоа, доколку работодавецот од приватен сектор овој месец донел одлука да исплати К-15, тогаш минималниот износ би изнесувал 19.116 денари, а највисокиот износ 47.790 денари.

Сумата е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година, кои изнесуваат 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просечната вредност е околу 47.790 денари, а согласно колективниот договор минималниот К-15 изнесува 40% од таа основица.

За јавниот сектор износот на К-15 е фиксен и изнесува 30% од просечната плата во претходната година. Таа за 2025 година изнесува 45.566 денари. Што значи износот на  К-15 за годинава во јавниот сектор за годинава е  13.670 денари.

Право на К-15 имаат вработените кои имаат најмалку 6 месеци непрекината работа кај истиот работодавач во текот на календарската година.

Работодавачите можат да исплатат и повисок износ, доколку тоа е утврдено со колективен договор или внатрешна одлука на компанијата.

Постојат и исклучоци, па фирмите кои работат со загуба или имаат финансиски потешкотии можат, согласно законските и колективните одредби, да исплатат понизок износ или во одредени случаи да бидат ослободени од обврската, но само со соодветна документација и одлуки усогласени со синдикатите.

Работодавците од приватниот сектор кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, односно К-15, треба да се подготвени да платат казна и до 4.000 евра.

Притоа, предвидена е глоба од 2.000 до 3.000 евра, која би ја платило правното лице, додека парична глоба во висина од 500 до 1.000 евра ќе плати одговорното лице кај работодавачот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk