СО ЗАКАНА ГИ ТЕРАЛЕ ГОСТИВАРЦИ ДА ИМ ПРОДАВААТ ЗЛАТО - Двајца Турци сакале „златна“ зделка по секоја цена

Vecer | 19.08.2026

СО ЗАКАНА ГИ ТЕРАЛЕ ГОСТИВАРЦИ ДА ИМ ПРОДАВААТ ЗЛАТО - Двајца Турци сакале „златна“ зделка по секоја цена
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно им ја пресметале вредноста на златото како стопена суровина, а не како изработени производи со значителна поголема пазарна вредност.

Исто така, пријавените со уцена и заканувачки пораки кон синот и семејството, во текот на февруари 2025 година го принудиле 66-годишникот да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот, чија содржина не му била прочитана кај нотар во Гостивар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk