Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен во Скопје во вторник, 8 септември, поради музичкиот настап што ќе се одржи на Националната арена „Тодор Проески“ по повод Денот на независноста.
Од СВР Скопје информираат дека настанот ќе започне во 19 часот, поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на приодите кон арената и на булеварот „Илинден“.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници на терен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата