Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска повторно седна на обвинителната клупа, на второто рочиште за случајот „Државна лотарија“. Пред судот тој јасно се изјасни по прашањето за вина, велејќи дека „не се чувствува виновен“ за делото што му се става на товар.
„Не се чувствувам виновен“, рече Груби.
Груби е меѓу осумтемина обвинети во предметот во кој Обвинителството ги товари за злоупотреби поврзани со Државна лотарија. Според обвинението, со дејствијата опфатени во предметот била причинета штета од 507.632.173 денари, односно повеќе од осум милиони евра.
Него го гонат дека преседавал со седницата на која се гласала точката за Лотарија.
Првообвинет во предметот е поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кој е недостапен за органите на прогонот, додека Груби е второобвинет.
Денешното рочиште е второ во судскиот процес.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата