logo
logo
logo

Mилошоски за политичките турбуленции во Германија

„ИНТЕРЕСНИ ВРЕМИЊА“ ВО ГЕРМАНИЈА: Милошоски предупредува на политички потреси по победата на АФД

Vecer | 07.09.2026

„ИНТЕРЕСНИ ВРЕМИЊА“ ВО ГЕРМАНИЈА: Милошоски предупредува на политички потреси по победата на АФД

Германија влегува во период на нови политички турбуленции, по резултатите од изборите во Саксонија-Анхалт, смета пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

Во објава на социјалната мрежа X , Милошоски оценува дека победата на АФД, заедно со слабите резултати на ЦДУ, СПД и либералите, може да биде најава за нови потреси на претстојните избори за парламентите во Мекленбург и Берлин, закажани за 20 септември.

Според него, коалициската влада предводена од Фридрих Мерц во наредниот период ќе работи под зголемен притисок, со помал простор за спроведување реформи и со повеќе меѓусебни обвинувања во коалицијата.

Милошоски во објавата се осврнува и на односот кон мигрантите, посочувајќи дека иако нема експлицитни закани кон доселениците во Германија, АФД, за разлика од СПД, либералите и ЦДУ, има поинаков однос кон нив.

Тој смета дека последиците од изборите во Саксонија-Анхалт нема да останат само во Германија, туку ќе се почувствуваат и пошироко во Европа – преку построг пристап кон миграцијата, зголемена недоверба кон Брисел и намалена поддршка за проширувањето на Европската Унија.

Во тој контекст, Милошоски ја посочува и Црна Гора, каде што веќе се отвора прашањето како политичките потреси во Германија би можеле да влијаат врз европскиот пат на земјата.

„Нé очекува политички динамично полугодие, а потоа и главниот натпревар, претседателските избори во Франција. Интересни времиња!“, пишува Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk