Ноќеска во 03:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, М.З.(24) од скопското село Ракотинци, се обидел да влезе во казиното иако имал забрана за влегување.
Како што се наведува во полицискиот билтен, притоа почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон вработените, по што бил физички нападнат од Г.В.(47) од Скопје, вработен како обезбедување во казиното.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата