logo
logo
logo

СИЛНО ПОЛИТИЧКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА И ЗАСИЛЕНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНОТ

Vecer | 09.10.2026

СИЛНО ПОЛИТИЧКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА И ЗАСИЛЕНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНОТ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

- Разговаравме за можностите за зголемување на трговската размена и унапредување на економските врски меѓу двете земји, како и на подобрување на транспортната и воздушната поврзаност.

Владата на Македонија посветено работи на регионалното поврзување како развојна политика. Подобрата инфраструктурна поврзаност, модерните патишта и железници и полесен проток на луѓе и добра се клучни за отворање нови пазари, привлекување инвестиции и создавање подобри услови за економски раст.

Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, потребата од меѓусебна соработка на земјите од регионот е клучна за забрзување на реформите.

Македонија и Црна Гора се блиски партнери и во периодот пред нас двете земји уште посилно ќе соработуваат, особено во делот на економијата и европската интеграција, објави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk