И ПОНАТАМУ ЌЕ ИГРАМЕ ПРОЛЕТ-ЕСЕН СО ВРЕМЕТО. Еве каква недела не чека

Vecer | 15.11.2026

И ПОНАТАМУ ЌЕ ИГРАМЕ ПРОЛЕТ-ЕСЕН СО ВРЕМЕТО. Еве каква недела не чека
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Минатиот месец, октомври, беше еден од најтоплите во Европа а и овој, ноември би можел да стане еден од најтоплоите ноември емсеци во минатите децении.

Следната седмица во Македонија, односно во периодот од 16 до 23 ноември ни носи големи временски турбуленции. Ни следува ново силно јужно и југозападно воздушно струење кое повторно значително ќе ги покачи температурина на воздухот и тие особено на средината и кон крајот на новата работна седмица ќе бидат за 8 до 10 степени повисоки од просечните за ноември и тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а во Скпје и околината исто така температурата повторно ќе надмине 20 степени, односно таа ќе се искачи до околу 24 степени.

Ќе бидеме и под влијание на серија на влажни воздушни бранови од запад кои ќе условат да имаме локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Најобилни врнежи во погоре споменатиот период ќе имаме во западните предели каде ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а од среда (18 ноември) па во деновите потоа силен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено и локално повторно ќе достигнува брзина до околу 70/80 км/час.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе дува умерен до засилен, а од среда (18 ноември) па во деновите потоа повремено силен ветер од јужен правец. И во Скопје и околината исто така ќе има услови за повремени но послаби врнежи од дожд, најави Славчо Попоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk