Во овие општини понеделник ќе биде ден без струја, дали сте и вие на списокот?

Vecer | 15.11.2026

Во овие општини понеделник ќе биде ден без струја, дали сте и вие на списокот?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Повеќе населени места и локации во Скопје и скопскиот регион утре, 16 ноември 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Во општина Кисела Вода, прекинот ќе трае од 08:30 до 15:00 часот и ќе ги опфати дел од корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“, на потегот од „ЗУР маркет“ до крајот на слепата улица.

Подолг список локации ќе биде зафатен од прекинот што е најавен од 09:00 до 13:36 часот. Без електрична енергија ќе бидат дел од Петровец, наплатната рампа Петровец, Миладиновци, Текија, Дељадровце, „Макпетрол“ Миладиновци, „М-Стил“ и ЖТП Миладиновци. Прекинот е поради реконструкција на 10-киловолтната мрежа и поправки на дефекти.

Интервенции се планирани и во општина Сопиште. Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе биде месноста Под Брег во Горно Соње, додека во Долно Соње, во месноста Димково Лозје, прекинот ќе трае од 09:30 до 12:00 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk