logo
logo
logo

СЕ РЕШАВА ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМ ВО ИДРИЗОВО - Мицкоски најави инфраструктурен бум

Vecer | 16.08.2026

СЕ РЕШАВА ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМ ВО ИДРИЗОВО - Мицкоски најави инфраструктурен бум

Почна изградбата на новата фекална канализациска мрежа во Идризово, Општина Гази Баба, проект со кој ќе се изградат 1.478 метри канализација, со цел подобрување на инфраструктурата и условите за живот на жителите. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза, при што најавата за реализацијата на проектот беше проследена со громогласен аплауз од присутните. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени преку вториот јавен повик на Владата.

Најавата за реализацијата на проектот беше поздравена од присутните со громогласен аплауз. Аплаузи имаше и за градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1.200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано затоа што се ангажира домашната оператва, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се решаваат и децениски проблеми и им се обезбедува поквалитетн живот на граѓаните.

Кон крајот на овој месец, веројатно на 26 август, посочи Мицкоски, ќе почне изградбата на автопатската делница Блаце – Скопје, за која, рече, завршени се сите формални процедури.

-Конечно, за овој децениски проект којшто беше најавуван, имаме изведувач, тоа е домашна компанија, имаме надзор, сите услови се исполнети за да отпочне градбата на овој автопат. Во септември очекувам да почне уште еден автопат за делница, тоа е Букојчани – Кичево, и со засилена динамика да го привршуваме автопатот Кичево – Охрид. Очекувам делницата од Извор до Врбјани да биде пуштена во втората половина на октомври, а целокупната делница да биде во првиот квартал од следната 2027 година, изјави Мицкоски по увидот во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во Идризово во општина Гази Баба.

Претседателот на Владата посочи и дека со засилена динамика продолжуваат градежните актиовности на трите делници од Коридорот 8 и Коридорот 10д – Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани.

-Сè на сè, отприлика шест автопатски делници ќе се градат и тоа е исто така голема, засилена градежна активност. Кога на тоа ќе се додадат и пругата, секција 2, којашто практично е дел од Коридорот 8 (источно крило), и секција 3 за којашто очекувам наскоро да биде објавен јавниот повик, бидејќи сите административни предизвици се надминати, тоа значи дека ќе имаме навистина интензивна градба. И ако биде сè како што треба, завршување на физибилити-студијата и на почетокот на следната година отпочнување на Коридорот 10, доколку, се разбира, сите предизвици коишто ги имаме бидат решени. Очекувам да нема пречка да се реши, истакна премиерот.

Како што рече, во Македонија денес на повеќе од 1200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано не само затоа што се ангажира домашната оператва и претставува сериозен индикатор за подобра економска актовност туку, рече, „овозможуваме да покажеме и докажеме дека децениски проблеми можело да се решат“, а граѓаните со сите овие проекти ќе имаат поквалитетен живот.

-Она што за мене е, исто така, важно како претседател на Владата е фактот дека економската активност предизвикува и добри економски резултати. И во периодот којшто следува очекувам сè позасилена ваква активност, посебно во делот на градежништвото, кое претставува еден од двигателите и носителите на економската активност во Македонија. Не можеме сè да решиме — нешто што со децении било запоставивано и нерешавано, но ветуваме дека се она коешто можеме да го решиме, па дури и ќе се потрудиме и повеќе од тоа, да го испорачаме, додаде Мицкоски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk