logo
logo
logo

СЕ НАЈАВУВА ПРОТЕСТ „ПРАВДА ЗА ВАЊА“ во сабота кај Школка, повикот е на социјалните мрежи

Vecer | 05.12.2023

СЕ НАЈАВУВА ПРОТЕСТ „ПРАВДА ЗА ВАЊА“ во сабота кај Школка, повикот е на социјалните мрежи

По свирепото и монструозно убиство на четиринаесет годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, се најавува Масовен протест „Правда за Вања“ во организација на граѓаните и граѓанскиот организации. Настанот се најавува да се одржи оваа сабота со почеток од 10 часот на „Школка“ во Градскиот парк.

„Правда за Вања“, „Да не се заборави“, „Стоп за грозоморните убиства“ се само дел од пораките што ги испраќаат граѓаните на социјалните мрежи.

Телото на Вања беше пронајдено во неделата и според полицијата и обвинителството извршителите на овој монструзен чин се истите со убиството на Панче Жежовски од Велес.

Осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски завршија во притвор од 48-часа кој завршува утре. Дали ќе се бара дополнителна мерка ќе треба да соопшти ОЈО Скопје. Притвор од 2 дена вчера доби и таткото на Вања осомничен дека учествувал во грозоморниот чин на грабнувањето на наеговата ќерка, која потоа беше убиена.

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Од скопското Јавно обвинителство информираа дека за осомничениот Палевски кој е во бегство, по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривичните дела грабнување и убиство. Денес Основниот кривичен суд му определи мерка притвор во отсуство која ќе почне да важи по неговото пронаоѓање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk