Искра Хаџи Василева избрана за шефица на ОЈО ГОКК

Vecer | 28.10.2026

Искра Хаџи Василева избрана за шефица на ОЈО ГОКК

Неофицијално дознава ТВ21, обвинителката Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), откако освоила најмногу гласови од своите колеги.

Според неофицијалните информации, таа има мала предност пред второпласираниот кандидат, Трајче Пеливанов.

Покрај Хаџи Василева, во трката за раководната функција учествуваа и Фатон Азизи од ОЈО ГОКК, Трајче Пеливанов и Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителство Скопје, како и Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје.

Гласањето се одвиваше од 8 до 16 часот, а резултатите треба да бидат сумирани и официјално соопштени на јавна седница.

Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на досегашниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој беше избран во 2022 година и не се кандидираше за нов мандат.

Кандидатите и избирачите имаат право на приговор во врска со изборната постапка.

На денешните избори право на глас имаа вкупно 187 јавни обвинители од целата држава, кои преку непосредно и тајно гласање избираа меѓу пет кандидати.

Според Законот за јавното обвинителство, право на глас на изборите за шеф на ОЈО ГОКК имаа сите јавни обвинители во земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk