Шеесет и пет годишен работник од Куманово е тешко повреден откако паднал од зграда додека извршувал работни задачи на булеварот „Октомвриска револуција“.
Според информациите од Минситерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 17 часот, кога во Итната медицинска помош во Куманово бил донесен С.Т (65) со тешки телесни повреди.
Првичните информации укажуваат дека рабоникот се повредил при пад од објектот додека бил ангажиран за извршување на работни активности.
Поради сериозноста на повредите, тој бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана понатамошна медицинска помош.
За несреќата е известен јавене обвинител, а надлежните институции преземаат мерки за целосно утврдување на околностите под кои дошло до работната несреќа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата