РАБОТЕЛ НА КУЌА, ПА ПАДНАЛ ОД КРОВОТ: 61-годишник тешко повреден во Боговиње

Vecer | 17.08.2026

РАБОТЕЛ НА КУЌА, ПА ПАДНАЛ ОД КРОВОТ: 61-годишник тешко повреден во Боговиње
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

При изведување градежни работи на куќа во Боговиње, 61-годишен маж паднал од кровната конструкција и се здобил со тешки телесни повреди.

Случајот бил пријавен на 16 август во 10:30 часот во СВР Тетово од Итната медицинска помош, од каде што било посочено дека во селото Боговиње има повредено лице по пад од покрив.

Од СВР Тетово информираат дека при извршениот увид било утврдено дека П.Б. (61) од Брвеница изведувал градежни работи на куќа во сопственост на Н.А. (60) во Боговиње, при што паднал од кровната конструкција.

П.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk