Унапредувањето на билатералната соработка и зајакнувањето на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Косово биле во фокусот на средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателката на Собранието на Косово, Аљбуљена Хаџиу.
Мицкоски информираше за средбата преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека разговорите биле насочени кон продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Тој оценува дека преку отворен дијалог, меѓусебно почитување и засилена регионална соработка може да се придонесе за поголема стабилност, економски развој и забрзување на европската интеграција на регионот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата