logo
logo
logo

„ПЛАТИТЕ РАСТАТ, ПЕНЗИИТЕ УШТЕ ПОБРЗО“: ВМРО-ДПМНЕ со споредба – растот на пензиите 325% побрз

Vecer | 20.08.2026

„ПЛАТИТЕ РАСТАТ, ПЕНЗИИТЕ УШТЕ ПОБРЗО“: ВМРО-ДПМНЕ со споредба – растот на пензиите 325% побрз

Економските показатели покажуваат забрзан раст на платите и пензиите во периодот на актуелната влада, тврди ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение, при што од партијата прават споредба со периодот кога на власт беа СДС и ДУИ. Според нивните податоци, просечната плата од јули 2024 до мај 2026 година растела за 70 отсто побрзо на месечно ниво во однос на периодот од јуни 2017 до мај 2024 година. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека просечната плата во јуни 2017 година изнесувала 22.808 денари, а до мај 2024 година достигнала 41.252 денари, што претставува зголемување од 18.444 денари во период од 84 месеци, односно просечен месечен раст од околу 220 денари.

Во јули 2024 година просечната плата била 40.961 денар, додека во мај 2026 година достигнала 49.544 денари. За 23 месеци, според ВМРО-ДПМНЕ, платата пораснала за 8.583 денари, односно просечно за околу 373 денари месечно.

Од партијата посочуваат и на растот на старосните пензии. Според нивната анализа, просечната старосна пензија во јуни 2017 година изнесувала 15.273 денари, а во мај 2024 година 22.937 денари. Тоа е зголемување од 7.664 денари за седум години, односно околу 91 денар месечно.

Во јули 2024 година просечната старосна пензија била 22.858 денари, а во мај 2026 година достигнала 29.663 денари. Така, за 23 месеци пензијата се зголемила за 6.805 денари, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува просечен месечен раст од околу 296 денари, или 325 отсто повеќе во однос на периодот на претходната влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие показатели се доказ за подобрување на животниот стандард преку повисоки плати и пензии и оти разликите меѓу економските политики на двете влади можат да се мерат преку конкретни бројки.

„Граѓаните заслужуваат економски раст што се чувствува во секое семејство“, наведуваат од партијата, додавајќи дека нивната политика е насочена кон работа, раст и повисок стандард.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk