logo
logo
logo

ПЕКОЛЕН ДЕН - Температурите во Македонија ќе достигнат до 39 степени

Vecer | 30.07.2026

ПЕКОЛЕН ДЕН - Температурите во Македонија ќе достигнат до 39 степени

Сончево и многу топло време со дури 39 степени се очекува денеска низа целата држава. Управата за хидрометеролошки работи најавува претежно стабилно време, со повремена локалн облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. 

Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 22 Целзисуови степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 39 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 36 степени.

Според најавата на УХМР, под влијание на топол бран, во земјава претстои период на сончево и многу топло време со температури кои секојдневно ќе надминуваат 35 степени. Особено топло се очекува да биде претстојниот викенд и во текот на следната седмица, кога дневните температури наместа ќе надминат 40 Целзиусови степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk