logo
logo
logo

ПАТ КОН „СРЦЕТО НА БАЛКАНОТ“: ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – БЛАЦЕ, вели Николоски

Vecer | 26.08.2026

ПАТ КОН „СРЦЕТО НА БАЛКАНОТ“: ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – БЛАЦЕ, вели Николоски

Со почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, Македонија прави нов чекор кон подобрување на патната поврзаност и зајакнување на својата позиција како важна сообраќајна врска во регионот. На почетокот на проектот, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека токму преку оваа инвестиција се реализира визијата земјата да стане „раскрсница“ и своевидно „срце на Балканот“.

„Кога оваа Влада беше формирана во 2024-та година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане раскрсница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба каде што два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10. Денеска почнуваме таков проект којшто оди во таа насока и само со една таква јасна политика и јасна визија ова може да се случи. Затоа што секоја Влада има различни приоритети, приоритетот на оваа Влада е напредок, соработка, економски развој и на тој начин развој на државата и на целиот регион”, потенцираше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk