Летувањето во Грција за група македонски туристи завршило со непријатно искуство, откако од нивниот автомобил биле украдени пет пасоши и други патни документи. Кражбата се случила додека биле на плажа и на ручек, по што тие јавно предупредија и други туристи да бидат внимателни.
Според нивното сведоштво, по враќање од Сивири застанале кај паркингот на „Sahara Beach Club“, каде планирале да ручаат. По враќањето кај возилото забележале дека автомобилот бил провален и дека исчезнала мала чанта во која биле оставени документите.
Украдени се вкупно 5 пасоши, меѓу кои и пасоши на македонски државјани и нивни пријатели со португалски и шпански пасош, како и други документи поврзани со патувањето.
Случајот веднаш бил пријавен во грчката полиција, каде е направен записник. Туристите велат дека на безбедносните камери била забележана жена за која се сомневаат дека е поврзана со кражбата.
Тие упатија апел до сите туристи во Грција да бидат внимателни и да не оставаат пасоши, пари и вредни предмети во автомобилите, дури и кога возилата се паркирани на туристички локации.
Наедно, апелираат до сите македонски туристи во Грција да бидат внимателни и да не оставаат документи, пари и вредни предмети во автомобилите, особено на фреквентни туристички локации.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата