logo
logo
logo

НЕМА ЛИЦЕНЦА БЕЗ ПРОВЕРКА: Министерството за финансии воведува строг филтер за казина и обложувалници

Vecer | 17.08.2026

НЕМА ЛИЦЕНЦА БЕЗ ПРОВЕРКА: Министерството за финансии воведува строг филтер за казина и обложувалници

Нов Правилник за игрите на среќа донесе Министерството за финансии, со кој се воведуваат детални правила за проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на оние кои сакаат да добијат лиценца за приредување игри на среќа. Со новите правила се утврдува и документацијата што ќе треба да ја достават физичките и правните лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или затворена томбола.

Барателите на лиценци ќе мора со соодветни документи да докажат дека ги исполнуваат сите услови, пред сè дека немаат изречени санкции за забрана за вршење професија или забрана за приредување игри на среќа, како и други околности значајни за оваа дејност.

Правилникот исто така воспоставува построга контрола врз потеклото на парите во основната главнина. Преку банкарски извештаи, договори и финансиски биланси, Министерството за финансии ќе го проверува непрекинатиот траг на парите од нивниот извор до уплатата во друштвото.

Со правилникот дополнително се уредуваат и постапките при промена на сопственичката структура, промена на главнината и именувањето на членовите во органите на управување и надзор.

Новите правила овозможуваат ценење на репутацијата на содружниците, соработниците и членовите на органите на управување како клучен фактор во спречувањето на перење пари и финансирање тероризам.

Целта на новиот Закон за игри на среќа и придружниот правилник е да се воспостави современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk