logo
logo
logo

НАД 6.800 ДЕНАРИ ПОВЕЌЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Мицкоски со споредба – 12,6 пати поголемо зголемување од времето на СДСМ и ДУИ

Vecer | 14.09.2026

НАД 6.800 ДЕНАРИ ПОВЕЌЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Мицкоски со споредба – 12,6 пати поголемо зголемување од времето на СДСМ и ДУИ

„Опозицијата преку свои експерти праќаше дописи и претставки до Уставниот суд за тоа што оваа Влада го зголеми за пензионерите, да им го одземе, да го враќаат назад. Тоа е лицемерието на денешната опозиција којашто преку свои експерти до пред некоја недела се трудеше тоа што оваа Влада им го овозможи на пензионерите, да им го одземе“, истакна премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.

„Да направиме споредба со тоа што е направено од оваа Влада во првите две години, бидејќи толку е оваа Влада 26-7 месеци. И тоа што е направено од претходната Влада во првите две години. Во првите две години Владата на СДСМ и ДУИ, пензиите на пензионерите ги зголеми за отприлика 540 денари. Оваа Влада за повеќе од 6.800, просечно зборувам. Просечната старосна пензија за над 6.800 денари. Јас пред некој ден дадов изјава и реков 16 пати е разликата, направив грешка се извинувам, 12,6 пати е разликата. Да бидеме сега попрецизни. Или тоа што го направивме ние за овие 25-6 месеци е повеќе отколку што тие го направија за 7 години додека беа Влада. А да не зборувам за тоа што им го укинуваа законот, па потоа измислуваа некои швајцарски модел и така натаму. Или па да не се враќаме во минатото кога им беше на пензионерите ускратен оној процент од нивната пензија во времето на претходните Влади на СДСМ.

Така што, да сумирам од една страна испраќаат свои експерти коишто ги фалат на социјалните медиуми да ги пред Уставниот суд предизвикуваат одлуките на оваа Влада за линеарното зголемување на пензиите, а од друга страна лицемерно излегуваат без никаков аргумент, се обидуваат да испратат критика. Но, нашите сограѓани се свесни за тоа што го направи оваа Влада и претходната. Така што можат да направат јасна разлика. Јас не велам дека тоа е доволно, не велам дека тоа ќе ги реши сите проблеми, но е многу подобро од тоа што беше во времето на СДСМ и ДУИ.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk