logo
logo
logo

НАМАЛЕНИОТ ДДВ ЗА ДИЗЕЛОТ заштедува 250.000 евра дневно, рече премиерот Мицкоски

Vecer | 14.09.2026

НАМАЛЕНИОТ ДДВ ЗА ДИЗЕЛОТ заштедува 250.000 евра дневно, рече премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку би била реалната цена на нафтата, доколку Владата не ја донесе одлуката за намалување на ДДВ, рече:

„Доколку не се донесеше оваа одлука и претходните одлуки за намалување на акцизата, еве на пример цената на дизел горивото ќе беше за отприлика 11-11,5 денари поскапа по литар, од ова што е денеска. Со други зборови, имајќи го предвид зголемениот конзум на бензинските станици во државата, посебно оние што гравитираат во северниот, западниот и јужниот дел од земјата, поради притисокот на граѓаните што доаѓаат од Грција, Албанија и Србија, стигнавме до повеќе од 2 милиони литри гориво коешто се точи на македонските бензински станици. Имајќи предвид дека отприлика седумдесетина проценти е дизел гориво, тогаш доаѓаме до некаде околу милион и четиристотини, милион и петстотини илјади литри. Што значи дека само по основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра“, рече премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk