logo
logo
logo

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ИЗГРАДБА НА ДАТА ЦЕНТРИ, светот оди во таа насока и процесот е неповратен, рече Мицкоски

Vecer | 14.09.2026

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ИЗГРАДБА НА ДАТА ЦЕНТРИ, светот оди во таа насока и процесот е неповратен, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри затоа што, како што нагласува, светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен. Потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирање и давање грант за изградба на националниот дата-центар. Ако такво нешто пристигне, додаде, тогаш тоа ќе може да го коментираме.

- Прашањето е дали ние како држава сакаме да останеме заглавени во 19 и 20 век со некои ретрополитички сили или сакаме да грабиме кон иднината? Оваа Влада апсолутно води сметка за интересите на државата и граѓаните. Интересите на државата и граѓаните никогаш нема да бидат ставени во прашање. Апсолутно се грижиме за иднината на оваа држава и брз економски развој - истакна Мицкоски во одговор на прашање дали се точни информациите дека ЕУ испратила допис до сите земји во регионот дека се откажала од финансирање и давање грант за изградба на национални дата-центри и оти ова нема да биде дел од реформската агенда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk