logo
logo
logo

Над 17 000 патници излегле од Македонија за 24 часа преку Гевгелија

Vecer | 03.08.2026

Над 17 000 патници излегле од Македонија за 24 часа преку Гевгелија

Летниот бран на туристи од Македонија од ден на ден се поинтезивиран над 17.000 патници ја напуштиле македонската држава во изминатото деноноќие преку гевгелискиот граничен премин со Грција, додека околу 16.000 влегоа во Македонија преку истиот премин, покажуваат најновите податоци на Министерството за внатрешни работи.

Многуте возила предизвуваат значителен застој на сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, каде во последните неколку часа се формира и километарска колона во Стар Дојран.

Официјалните бројки од МВР ги потврдуваат интензивните движења на границата.

„На граничниот премин „Богородица“ од вчера до денес на пладне влез во државата оствариле 5864 македонски државјани, а излез оствариле 5948. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 10249, а ја напуштиле нашата држава 11648 лица“, информираат од МВР.

Голема фреквенција е евидентирана и на граничниот премин „Дојран“.

Според податоците на полицијата, на овој премин влез оствариле 399 македонски државјани, а излез 1.104 лица. Во истиот период, регистриран е влез на 1.295 странски државјани, додека 1.174 ја напуштиле државата.

Од МВР соопштуваат дека ги преземаат сите мерки и дека се ангажирани сите човечки и технички капацитети со цел забрзување на протокот на патници, со паралелно спроведување на задолжителните гранични проверки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk