На Кале никнува дивоградба на државно земјиште, ако не се открие инвеститрот ние ќе плаќаме за рушењето

Vecer | 24.11.2021

На Кале никнува дивоградба на државно земјиште, ако не се открие инвеститрот ние ќе плаќаме за рушењето
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Ливчето од градежната инспекција, заглавено меѓу две тули за да не го дувне ветерот, е единствениот податок што може да се најде на новото градилиште во близина на скопската тврдина Кале, каде што непознат инвеститор на државно земјиште направил бетонска платформа од шеесетина квадрати и донел други градежни материјали за да изѕида објект, објавува „Призма“. Во него е наведен датумот и времето кога градителот треба да се појави во Општина Центар и да донесе документи за градбата, ако ги има. Ова е втора покана што ја оставиле општинските инспектори, вели за медиумот градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Досега двапати никој не се појави. Инспекцијата ќе остави и трета покана, а ако и тогаш не дојде инвеститор, ќе мора да почнеме постапка за уривање. За жал, тогаш тоа ќе биде на наша сметка, бидејќи не е познато кој гради, додава градоначалникот.
Кај дивоградбите со познат инвеститор, трошоците за уривањето и за отстранувањето ги покрива тој. Но, овде општината нема начин да дознае кој гради, освен да остави покана и да се надева дека некој ќе се јави. Нелегалното градење во околината на скопското Кале веќе наликува на трките за грабање земјиште од американските вестерн-филмови, во кои сѐ што треба за некој да стане сопственик е да си стави свое обележје на плацот на кој му фрлил мерак. Новата бетонска платформа, не само што се наоѓа на државно земјиште, туку е изградена на катастарската парцела со број 5071/1, огромна површина од над 180 илјади квадратни метри (18 хектари). Таа ја опфаќа и самата тврдина и поголемиот дел од просторот што, според важечкиот Генерален урбанистички план за Скопје, треба да биде заштитен како нејзина контактна зона. Целата сторија на „Призма“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk