34-годишен жител на Скопје е уапсен откако сообраќаен полицаец го пријавил дека му се јавил по телефон и му се заканувал, откако полицаецот му напишал казна за прекршок, соопшти МВР.
„На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 29.09.2026 телефонски упатувал закани кон полициски службеник, кој претходно му изрекол казна за сообраќаен прекршок. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата