СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖУВА 82 ГОДИНИ од ослобоувањето

Vecer | 13.11.2026

СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖУВА 82 ГОДИНИ од ослобоувањето
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Скопје денеска одбележува 82 години од ослободувањето од фашистичката окупација, настан што се случил на 13 ноември 1944 година, по неколкудневни жестоки борби на единиците на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија.

По повод Денот на ослободувањето на градот, предвидено е положување цвеќе на неколку спомен-обележја. Делегации ќе положат цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генералот Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи и свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

Ослободувањето на Скопје започнало на 13 ноември 1944 година, кога во градот влегле борците на 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада. Претходно, неколку дена се воделе жестоки борби против германските и нивните сојузнички окупаторски сили.

Борбени дејства имало на повеќе локации низ градот, меѓу кои на улицата Илинденска, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица.

Во текот на борбите, македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, а граѓаните учествувале и во одбраната на Камениот мост, кој окупаторските сили планирале да го минираат.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци. За време на Втората светска војна, животот го загубиле и околу 4.600 жители на градот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk