Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора, присуствуваше на работен ручек посветен на иднината на регионалната соработка и улогата на младите во развојот на Западен Балкан.
„Денеска присуствував на работниот ручек, посветен на иднината на Берлинскиот процес и улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан“, истакна Мицкоски во објава на социјалните мрежи.
Премиерот ја нагласи важноста на заедничката соработка меѓу земјите од регионот, размената на идеи и отворањето нови можности за побрза европска интеграција.
„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција“, порача Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата