logo
logo
logo

Мицкоски: 250 илјади евра од рекет на РЕК, Ковачевски кажува да се предадат на Вице

Vecer | 28.05.2021

Мицкоски: 250 илјади евра од рекет на РЕК, Ковачевски кажува да се предадат на Вице

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за „360 степени“ на Алсат М, вели дека уште пред три години јавно ја отворриле темата за рекетот во РЕК Битола, оодносно дека компанија блиска до фамилијата Заеви, блиска до фамилијата на власт практично извршува определени градежни активности или ископ во рамките на рударско – енергетски комбинат Битола.

- Тогаш се сеќавате на онаа траорна прес конференција или оние соопштенија кои што ги лиферуваа од фамилијата на власт, дека тоа биле лаги, дека тоа било во мојата глава итн. А, ние јасно покажавме камиони кои што ги носеа ознаките на компанијата токму од оваа истата која што се споменува во овие записници, а тоа е компанијата „СВ Инвест“. Сопственост на извесен Стојан или Столе Чифлигаровски“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тоа првпат на прес конференција пред три години го има обелоденето, а оваа операција се вршела за потребите на референдумот. А, за тоа сведочат и луѓето кои биле жртва на овој рекет од страна на тогашниот директор на рударско – енергетскиот комбинат Битола, Васко Ковачевски.

„Има јавна набавка во која што се пријавуваат градежни компании, кои што практично треба да извршат ископ на јаловина, чисто за да имаат гледачите претстава што значи тоа, тоа е земјата под која што се наоѓа јаглен, тоа не е ископ на јагленот, тоа е земјата, се трга земјата од почвата и останува јагленот, а потоа јагленот се носи во електраната на горење, за производство на електрична енергија. И тоа е во суштина најголемата набавка која што се случува во ЕЛЕМ во случајот во РЕК Битола. Некогаш се случува да таа набавка да достигне до милијарда, милијарда 200, милијарда и 500 милиони денари годишно“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека во конкретниов случај чини 60-тина милиони евра, компанијата односно правното лице „Рубитон Битола“ го добива договорот, се прифаќа договорот, и се потпишува.

„И сега механизацијата која што треба да ја изврши оваа градежна активност треба да ја внесат во комбинатот, но тоа треба некој да им го дозволи. Тоа не им се дозволува, се прават опструкции и според записникот, се вршат опструкција од страна на раководството во РЕК Битола, и се повикува еден од сопствениците на разговор и му се сугерира да 50% од набавката ја префрли на компанијата „СВ Инвест“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски рече дека еден од сопствениците овој предлог од раководството на РЕК Битола го одбива, и вели дека тоа не е возможно правно да се направи. Тука завршува првиот состанок.

„Следниот ден повторно Васко Ковачевски го повикува еден од сопствениците и му вели не 50%, туку 75% од набавката ќе треба да се префрлат на компанијата „СВ Инвест“. И овој вели не можам да ги префрлам, бидејќи тоа не е правда, не можам тоа да го направам јас сум го добил тендерот, мојата компанија и јас практично треба да ја завршам оваа работа“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека третиот ден во присуство на сопственикот на компанијата „СВ Инвест“ повторно Васко Ковачевски го повикува еден од двајцата сопственици на компанијата која што ја добива јавната набавка, и вели не 50%, не 75% туку 100% треба да отстапи за тоа што следи референдум и има предвремени потреби и тоа било практично насока од најгоре. И тука завршува третиот состанок. Еден од сопствениците кој бил на состанокот го одбива и третиот предлог, и вели дека нема намера да прифати додека не се консултира со својот адвокат.

„Жртвата односно еден од сопствениците се консултира со неговиот адвокат и за ден, два, три повторно се среќава со лицето Васко Ковачевски, кој што тогаш е директор во рударски – енергетски комбинат Битола и тој му вели јас не можам тоа да го направам, дајте да видиме да се раскусуриме, да видиме што треба да се платиам пенали, да се повлечам од работата бидејќи не можам вака да ја завршам затоа што е противзаконско. Васко Ковачевски тогаш му вели ако не можеш да и отстапиш на „СВ Инвест“ тогаш те молам да донесеш 250.000 евра мислам дека беше во кеш, што практично претставувало една четвртина од вкупниот износ на договорот“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тие пари требало да се префрлат на Вице Н и доколку не му верувал дека тоа е така, му го дал телефонот од Вице за да договорат средба во хотел „Вила Парк“ во Струмица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk