logo
logo
logo

На Водно се гради безмилосно, училиштето е преполно, а НИТУ ЕДНО НОВО НЕМА ПРЕДВИДЕНО ГОРАН БЕТОЊЕРКА (ВИДЕО)

Vecer | 17.10.2026

На Водно се гради безмилосно, училиштето е преполно, а НИТУ ЕДНО НОВО НЕМА ПРЕДВИДЕНО ГОРАН БЕТОЊЕРКА (ВИДЕО)

Денес се наоѓаме на улицата „Тодор Александров“, каде што повторно сведочиме за изградба која отвора сериозни прашања во врска со нехуманата бетонизација на Центар, изјави Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ.

„Згради никнуваат една до друга, просторот за зелени површини, дворни површини, и паркингот станува сè поголем проблем. Дали е ова е хуманата урбанизација којашто им ја ветувавте на центарци?

Но, проблемот не завршува со паркинг просторот и зелените површини. Со секоја нова зграда доаѓаат нови семејства, нови жители и деца на кои им е потребно место во основните училишта“, потенцира во изјавата Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ.

„Родителите веќе реагираат дека во основното училиште „Кочо Рацин“ веќе има паралелки кои имаат 38 ученици. Доколку се потврдат овие податоци, се поставува следното прашање: каде ќе учат децата на семејствата кои допрва треба да се вселат во новите станбени единици?

Господине Филипче, господине Горан Бетон Герасимовски, ве повикуваме да дојдете на улицата Тодор Александров, во близина на училиштето Кочо Рацин и да им објасните на граѓаните каде е зеленилото, паркинг-просторот и зошто во ниту еден ДУП, па ни во овој за Водно, не е впишано ново училиште?

Господине Филипче, како претседател на СДС, одговорете дали е ова политиката за урбан развој зад која стоите. Ветувањата за хумано живеење мора да се споредат со реалните услови на терен.

Центар не смее да се развива без соодветна инфраструктура. Не може да се градат нови станови без да се размислува за паркинзите, зеленилото, училиштата и потребите на идните генерации. Центар не смее да биде во заложништво на Горан Герасимовски и Венко Филипче.

Затоа бараме јавно да се објават податоците за капацитетите на училиштето „Кочо Рацин“, бројот на ученици по паралелките и инфраструктурните планови во овој дел на Центар.

Граѓаните заслужуваат одговорност, транспарентност и конкретни прашања. Центар мора да биде место за достоинствен живот, а не само простор за нови бетонски објекти“, потенцира Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk