Малолетничка силувана речиси две години, приведен 49-годишен маж

Vecer | 31.03.2024

Малолетничка силувана речиси две години, приведен 49-годишен маж
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

На 30.03.2024 во 17:25 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш лишиле од слобода 49 годишно лице од село во Општина Конче.

Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во Општина Конче.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот уапсениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk