logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА СО ЕДНА ОД НАЈНИСКИТЕ ИНФЛАЦИИ ВО ЕВРОПА: 2,6% во август, економијата покажува знаци на стабилизација

Vecer | 07.09.2026

МАКЕДОНИЈА СО ЕДНА ОД НАЈНИСКИТЕ ИНФЛАЦИИ ВО ЕВРОПА: 2,6% во август, економијата покажува знаци на стабилизација

Инфлацијата во земјава во август продолжи да расте, но со умерена стапка. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во август 2026 година се зголемиле за 2,6 отсто во однос на истиот месец лани, додека цените на мало бележат раст од 2,3 отсто. Податоците даваат слика за движењето на цените и економските услови во земјава во изминатиот период.

На годишно ниво зголемување на трошоците на живот има во сите оддели. И тоа кај Храна и безалкохолни пијалаци од 1% Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици од 9,4%, Домување, вода, електрична енергија,гас и други горива од 3,8% , Облека и обувки од 2,1% Рекреација, спорт и култура од 8,8% Ресторани и услуги за сместување од 4,8% и транспорт од 3,4% и услуги за образование од 5,0%

На месечна основа инфлацијата во август изнесува 0,4%, а цените на мало се намалиле за 0,2%.

Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 3,1%, Ресторани и услуги за сместување за 2,5%, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,6%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,5%, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,4%, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,2%.

Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 0,8% и Облека и обувки за 0,3%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk