logo
logo
logo

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ИНФЕКТИВНА - Ова се случува последниве денови со западнонилската треска

Vecer | 07.09.2026

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ИНФЕКТИВНА - Ова се случува последниве денови со западнонилската треска

Осум пациенти со потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска во моментов се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје, од кои двајца се во тешка состојба и се лекуваат на одделот за интензивна нега.

Директорот на Клиниката, Фадил Цана, денеска информираше дека во изминатите четири дена нема примен нов пациент со потврдена западнонилска треска.

„Веќе четири дена немаме примен нов пациент со потврдена западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести“, информираше Цана.

Двајцата пациенти кои се во потешка состојба се интубирани и се на механичка вентилација, додека останатите се лекуваат на одделите на Клиниката.

Од хоспитализираните пациенти, најголем дел се од Скопје, а еден е од Свети Николе. Речиси сите се лица постари од 60 години.

Во однос на смртните случаи, Цана потврди дека во текот на викендот е регистриран осмиот смртен исход од западнонилска треска. Станува збор за 70-годишен пациент кој на Клиниката бил примен на 25 август во исклучително тешка состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk