logo
logo
logo

ЛАЖЕН „ДИРЕКТОР“ ЈА НАМAМАЛ ШТИПЈАНКАТА: му уплатила 4.713 евра на сметки во странство

Vecer | 26.08.2026

ЛАЖЕН „ДИРЕКТОР“ ЈА НАМAМАЛ ШТИПЈАНКАТА: му уплатила 4.713 евра на сметки во странство

Жена од Штип пријавила дека била измамена за 4.713 евра, откако лице кое преку мобилна апликација ѝ се претставило како директор на финансиско друштво ја убедило да уплаќа пари на различни сметки во странство. Според СВР Штип, 42-годишната штипјанка стапила во контакт со лицето за да ѝ помогне при подигнување кредит во име на нејзин пријател, но измамникот со лажно прикажување факти побарал од неа повеќе уплати по различни основи. Откако ги реализирала уплатите, за што бил запознаен и нејзиниот пријател, жената сфатила дека била измамена и случајот го пријавила во полиција.

„Како што е пријавено, со прикажување на лажни факти, од неа барал по разни основи да врши уплата на различни сметки во странство, а откако ги реализирала уплатите, за што бил запознаен пријателот, дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Штип.

Случајот е уште еден пример за измами во кои сторителите се претставуваат како лица со одредена професија или функција за да стекнат доверба кај жртвите и да ги убедат да им дадат или уплатат пари.

Претходно, во Штип биле регистрирани и измами во кои сторители се претставувале како лекари и од граѓани барале пари наводно за медицински интервенции на нивни блиски.

Во еден од таквите случаи, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена за 700.000 денари, откако лице што ѝ се јавило телефонски се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра е во болница и дека ѝ е потребна операција.

МВР во повеќе наврати апелира граѓаните да бидат особено внимателни кога непознати лица од нив бараат пари, особено кога тоа го прават со измислени приказни, лажни идентитети или под изговор дека средствата се потребни за кредит, медицинска интервенција или друга итна потреба.

Од полицијата апелираат сомнителните случаи веднаш да се пријават, а граѓаните да не уплаќаат пари на непознати сметки без претходно да ја проверат информацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk