logo
logo
logo

Јадран Филм поднесе КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ НА ЧЕЛО СО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ


Vecer | 29.10.2021

Јадран Филм поднесе КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ НА ЧЕЛО СО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ


Американско-хрватската компанија, косoпственици на Јадран Филм доел Скопје, откри дека поднесуваат кривична пријава за злосторничко здружување на чело со премиерот Зоран Заев. Во соопштението упатено до целата македонска јавност, сите граѓани на Македонија, сите официјални институции, политички партии и пратеници во Собранието Јадран филм открива дека освен кривична пријава за злосторничко здружување (Злосторничко здружување- Член 394, Злоупотреба на службената положба и овластување - Член 353, Фалсификување исправа - Член 378)

 ќе поднесе и тужба со отштетни побарувања пред меѓународните судови во Вашингтон и Луксембург, против Владата.

Соопштението ви го пренесуваме  интегрално:

- Агенцијата за филм на РС Македонија одби да ја спроведе правосилната пресуда, предмет ТСЖ-168/19, 19.02.2019 година, со која раскинувањето на Договорот од 27.09.2017 година, правосилно е прогласено за ништовно а исто така за ништовни се прогласени и сите последици од тој противзаконски раскинат Договор. Агенцијата за филм која е под директна надлежност на Владата правосилно ги изгуби споровите против Јадран Филм, по долгогодишниот терор поврзан со ТВ серијата Македонија, за кој јавноста е делумно запознаена. Со правосилна пресуда на сите нивоа во македонските судови, раскинот на Договорот со Јадран Филм за ТВ серијата Македонија од 27.09.2017 е прогласен за ништовен, заедно со сите преземени акции на основа на тој раскин на договор. Со тие пресуди, на сите нивоа во македонските судови, Агенцијата за филм и Горјан Тозија ги исцрпија сите законски можности против Јадран филм. Во текот на повеќегодишните судски процеси, истиот се обидуваше да сокрие дека правосилно е утврдено дека директорот на владината Агенција, Горјан Тозија, како одговорно лице, ги прекршил македонските закони и дека е прогласен за виновен за сета штета која  е нанесена, штета која од ден во ден се повеќе расте.

Агенцијата за филм, Владата и  Премиерот, за да ја спроведат правосилната одлука ги обрврзуваат следниве пресуди:

1. Основниот суд од12.11.2018, предмет ТЦ- 475 /17

2. Апелационен суд во Скопје од 19.02.2019, предметТСЖ-168/19

3. Врховен суд од 11.09.2019, број 94/2019 кој со тоа што одби да го ревидира целиот случај,  Агенцијата ги исцрпила сите законски можности.

За ништовна е прогласена одлуката на Тозија бр. 02-1257/1 од 27.09.2017г.

 Горјан Тозија како директор на Агенцијата за филм ги пречекорил своите овластувањата и го раскина Договорот поради одбиениот рекет.

Наместо да ја спроведат правосилната пресуда, службени лица на Агенцијата за филм на РС Македонија се впуштиле во извршување на најтешки кривични дела со очигледна намера да го избегнат спроведувањето

на правосилната судска пресуда. Таа правосилна пресуда, владината Агенција, одбива да ја спроведе и со измама, со т.н повторни раскини на Договор, со антидатирани фалсификати, притоа правејќи низа на тешки казнени дела, се обидува да ја уништи американско-хрватската компанија која ја победи Агенцијата правосилно на суд. Агенцијата за филм одби да ја спроведе правосилна пресуда на судот на својата држава дури и откако Врховниот суд, на 11.09. 2019 година, ја одби ревизијата за наведената правосилна пресуда!

Вакво дивеење на корупција и беззаконие во име на една влада, во име на една држава, никогаш не е забележано во светската историја. По правосилната пресуда, Агенцијата за филм, го одби понуденото мирно

решение и продолжи со своето коруптивно однесување кое доведе до ескалација на политичкиот терор.

Со оглед на тоа што Агенцијата за филм е под надлежност на владата на РС Македонија, чиј директор директно се назначува од Владата и за чија законитост на работата е одговорна пред Владата, во случајов таа е на чело со премиерот Зоран Заев, директорот и претставниците на Јадран Филм доел Скопје, како и американскиот косопственик, повеќе пати официјално и документирано му се обратија на премиерот, Зоран Заев со барање

Агенцијата за филм која е под надлежност на Владата, чиј премиер е Зоран Заев, да ја спроведе правосилната пресуда и да ги почитува законите на сопствената држава. Заедно со сите други документи, за јавноста да

биде точно и правилно информирана, ќе ја објавиме понудата на ЈАДРАН ФИЛМ за мирно решение на спорот, кое беше повеќе од великодушно за Агенцијата за филм, по изгубениот спор. Со тоа мирно решение не само што американско-хрватската компанија не бара отштета за огромната штета што ја направија Тозија и Агенцијата за филм, туку вклучи и исплата на дел од заработката, за почеток повеќе од 150.000 долари од дистрибуцијата на серијата во државниот буџет на Македонија. Со одбивањето на ваквата понуда, повеќе од јасно е дека причините за терор над нашата компанија се од друга природа. Наместо МАКЕДОНИЈА да ги добие тие стотици илјади долари, ние сме присилени да трошиме огромни средства за меѓународни

правни тимови, судски трошоци и да подигнеме барање за отштета. Ниту еден од овие спорови, нека остане овде запишано, ниту еден, не може да биде добиен од страна на Владата.

Сосема е јасно дека премиерот Зоран Заев и неговите луѓе од „организацијата“ дејствуваат на штета на државата и на штета на сите нејзини граѓани, бидејќи милионската штета и срамниот меѓународен скандал што сега го направија, премиерот Зоран Заев и неговата „организација“ нема да го платат.

Откако Агенцијата за филм одби мирно решение на спорот и со фалсификати, антидатирани документи  и т.н „повторни раскинувања“ на ништовен раскин, се обиде да ја уништи американско-хрватска компанија, нашите правни тимови во САД, Луксембург, Франција, Белгија и Хрватска подготвија тужби и отштетни побарувањата.

Штетата која досега е направена е огромна, а со самото поднесување на тужбите кои ќе следат, заедно со адвокатски, судски трошоци и такси, вклучително и барањата за отштета ќе предизвикаат дополнителна милионска штета.

Не постои меѓународен суд кој нема да казни таков очигледен, дрзок обид за измама, обид за уништување на компанијата со фалсификати, антидатирани документи се со цел и намера да се избегне извршувањето и

спроведувањето на правосилната судска пресуда. Поради карактеристиките на терор врз американската компанија и нејзини граѓани, подготвуваме и активирање на „МАГНИТСКИ АКТ“ пред официјалните органи во САД.

Ова јавно соопштение е и јавен повик до сите чија должност и обврска е да го прекинат нанесувањето на штета на МАКЕДОНИЈА и нејзините граѓани,  затоа што на крајот оваа огромна штета ќе ја плати државата и сите граѓани на МАКЕДОНИЈА.

Тоа не е нашата цел, но исто така нема да дозволиме „злосторничкото здружение“  да  помине неказнето за она што го има направено. Ова здружение не може ниту да нè заплаши, ниту да нè уценува.
На 05.10.

2021 година, директорот на Јадран Филм, упати јавно писмо до претседателото на Владата, Зоран Заев, во кое го повикува да ги почитува правосилните одлуки на судовите на државата на која тој е премиер.

https://macedonia-series.com/

Истиот ден, кога беше објавено писмото, истото попладне ескалира теророт врз ЈАДРАН ФИЛМ.

По тоа јавно писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, се случија низа скандалозни притисоци кои се неспоиви со демократски земји и држави во кои се практикува владеењето на правото, незабележани во светски размери, за кои  јавностаќе биде известена, а по кои стана сосема јасно дека зад годините на терор врз серијата МАКЕДОНИЈА, врз американско-хрватската компанија Јадран Филм доел, стои лично премиерот Заев. Од промовирањето и личната поддршка на Тозија и неговата корупциска структура, уцените и рекетирањето, криминалното однесување и извршувањето на најтешките кривични дела фалсификување, антидатирање на службени документи, „повторните раскинувања“ , извршувањето на најсериозна форма на политички терор , загрозување на човековите права и уметничките слободи, до притисоци за „отстранување на неподобните“ актери, режисери, сценаристи, соработници, преку налудничави барања за промена на името на ТВ серијата  затоа што државата МАКЕДОНИЈА „го сменила името“, до обиди да се изнудат обвиненија за невини луѓе.

Следствено на тоа, директорот на ЈАДРАН ФИЛМ, му напиша ново писмо на премиерот Заев, на Денот на борбата на македонскиот народ на 11.10 .2021 година., делови од тоа писмо објавуваме на следниот линк https://we.tl/t-CQXcnpcR70

Oсобено е важно целокупната  јавноста да добие увид во тоа писмо .

После тоа писмо на ЈАДРАН ФИЛМ, не контактираа од кабинетот на премиерот Заев. На 13.10. 2021, во 17:58, добивме мејл од кабинетот на премиерот Заев, со покана за разговор, но за жал, таа покана беше очигледно само од „предизборни причини“ . Настаните од последните неколку дена, за жал, повеќе од јасно го потврдуваат тоа.

Владата се обидува да сокрие од јавноста дека Агенцијата за филм за чија законитост на работата е директно одговорна пред владата, одбива да изврши правосилна судска пресуда, но затоа во исто време пишува и за

„некои судски процеси кои се одвиваат“. Нема никакви процеси кои се одвиваат освен оние кои се предизвикани со фалсификување, антидатирање , т.н „повторни раскинувања“ кои со очигледна поддршка и лично покровителство на премиерот Зоран Заев, ги направија службените лица од Агенцијата за филм.

На барање на ДКСК, /ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА/  Горјан Тозија е сменет од позицијата директор на Агенцијата за филм, за извршување на низа на коруптивни дејства и скандали со серијата МАКЕДОНИЈА, но сепак и покрај тоа, премиерот Зоран Заев го промовира Горјан Тозија за национален координатор на проектот Преспа!!! Во басните би рекле: Лисицата ги чува кокошките.

Сите оние кои имаат дилема околу тоа кого заштитува и поддржува, Зоран Заев, ги повикувам да го погледнат следниот линк: https://m.facebook.com/tozija/videos/823179471224514/ 

Документите и сите писма што беа испратени до премиерот Заев, од 2017 година до денес, јасно се гледа дека премиерот во повеќе наврати и детално бил информиран за вистинските причини за незаконското раскинување на Договорот со

Јадран филм и детално бил информиран за голем број на корупциски измами, уцени и рекетирањеод страна на Горјан Тозија, за тешката измама што ја направил Горјан Тозија во Загреб, кога двапати го продал истиот стан по што морал да побегне од Хрватска. Тоа јасно говори дека Зоран Заев ја подржува корупцијата, беззаконието и политичкиот терор и дека лично стои позади Горјан Тозија и неговите криминални структури, кои и денес владеат со Агенцијата за филм.

Oткако Владата предводена од Зоран Заев, очигледно одби да ја спроведе правосилната судска пресуда, и одби да ја обврзе својата владина Агенција да ја спроведеправосилната судска пресудаи да ги почитува

законите на државата чија Влада води асо тоа продолжува да ја поддржува корумпираната структура на Горјан Тозија, ја известуваме јавноста дека: Американско-хрватската компанија, косопственици на Јадран Филм дооел Скопје,  поради извршување и поттикнување на повеќе тешки кривични дела, очигледна  заштита, поттик и поддршка на корумпираната структура во Владата и Агенцијата за филм, како и прикривање на најтешките кривични дела, подигнуваат кривична пријава за злосторничко здружување на чело со премиерот, Зоран Заев.

Покрај премиерот Зоран Заев, членови на тоа злосторничко здружение се: Горјан Тозија, поранешен директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, поранешен член на УО на „Тозија“, а актуелен директор на Агенцијата за филм, претседател на УО на Агенцијата Александар Касапинов и уште неколку други службени лица, детално опишано во наведената пријава.

Ова злосторничко здружение, криејќи се зад институцијата Влада на РСМ, извршило повеќе тешки кривични дела опишани во член 394 од Кривичниот законик на РСМ:

Злосторничко здружување

Член 394

За ова се предвидени казни:

- (1) Тој што ќе создаде група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со затвор од една додесет години.

- (2) Припадникот на групата или бандата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

- (3)Ако групата или бандата има за цел вршење кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од најмалку осум години, огранизаторот ќе се казни со казна затвор најмалку четири години, а припадникот на групата или бандата ќе се казни со казна затвор од една до пет години.

Ова злосторничко здружение со намера да го избегне спроведувањето на правосилната судска пресуда, извршило цела низа тешки кривични дела опишани во повеќе членови од КЗ на РСМ и особено во членовите 353 и 378, и тоа: 

Злоупотреба на службената положба и овластување Член 353

(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување,со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

(2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.

(4) Со казна од ставовите 1, 2 и 3 ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во Република Македонија или лице што врши работи од јавен

интерес, ако делото е сторено вовршење на неговото посебно овластување или должност.

(5) Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се

казни со затвор најмалку пет години.

Фалсификување исправа

Член 378
(1)Тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор дотри години.

(2) Обидот е казнив.

(3) Ако делото од став 1 е сторено во однос најавна исправа, тестамент, меница, чек, јавна или службен акнига или друга книга што мора да се води врз основа на закон, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

(4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Би сакале посебно да нагласиме дека на овој гест бевме принудени по последните потези на „злосторничко здружение“ кое се однесува кон нас во име на Владата, во име на државата и сите граѓани на Македонија.

Ние, строго го одвојуваме тоа што го прави премиерот Заев и неговото „злосторничко здружение“ од МАКЕДОНИЈА и нејзините граѓани! За нас МАКЕДОНИЈА е она што сите гледачи можеа да го видат од

промотивното видео, кое ги сруши сите рекорди на гледаност, со 100% позитивни коментари и повеќе од 1.100.000 прегледи само на нашата официјална страница и објавата со наслов „јавното писмо до премиерот

Заев“, за само неколку дена донесе повеќе од 200.000 прегледи !!!

Нашата  МАКЕДОНИЈА е љубовна приказна, а не „злосторничко здружение“ на премиерот Заев!

Подигнувањето на тужби и кривични пријави за премиерот Заев, Агенцијата за филм, повеќе функционери и државни службеници кои се кријат зад Владата зад нејзините граѓани, се мерки на неопходна одбрана од теророт на корупција што го спроведуваат истите.

Поднесувањето на пријавата и јавното објавување за истата е бидејќи штетата што ја прави премиерот Заев, не е штета што ќе ја плати Зоран Заев, Тозија и нивното злосторничко здружение, туку сите граѓани на

МАКЕДОНИЈА. Оваа јавна објава е и јавен повик до сите во Македонија, до сите луѓе и институции,  до сите одговорни луѓе, да го спречат овој срамен меѓународен скандал, кој допрва треба да ескалира, и да спречат

милионска штета за Македонија. Преку ова писмо ги повикуваме сите надлежни органи на Македонија,

Сообранието и сите пратеници во парламентот, сите политички партии и сите оние кои можат да го сопрат нанесувањето на штета и срам за МАКЕДОНИЈА, од страна на  „злосторничкото здружение“ предводено од

премиерот Заев, да го сторат тоа. Од наша страна ние ќе направиме сè и ќе постапиме со добра намера, за

доброто на МАКЕДОНИЈА, ќе се спротивставиме на „злосторничкото здружение“ кое нèуценуваше, рекетираше и тероризираше со сите расположливи средства, дури и кога, тие дејствуваат во име на една

држава!

Ние објавуваме јавно, затоа што за разлика од „злосторничкото здружение“ предводено од премиерот Заев, ние немаме што да криеме! Исто така, ќе биде јавно објавено, за да биде сосема јасно дека е направено сѐ од американската и хрватската страна, да се избегне милионска штета и меѓународен скандал со несогледливи последици. Оваа јавна објава е и јавен повик до сите во Македонија, до сите луѓе и институции,  до сите одговорни луѓе, да го спречат овој срамен меѓународен скандал, кој допрва треба да ескалира, и да спречат

милионска штета за Македонија Им се заблагодаруваме на сите оние кои не поддржаа и не се исплашија од

“злосторничкото здружение„. 28 . X  2021. g За ЈАДРАН филм дооел и американските и хрватските

партнери на серијата МАКЕДОНИЈА 

Винко Грубишиќ, се вели во соопштението упатено до јавноста, а од страна на американско-хрватската компанија, косoпственици на Јадран Филм доел Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk